Утрински Весник
Македонија

Со пластичен пиштол скопјанец се обидел да ограби спортска обложувачница

Со пластичен пиштол скопјанец се обидел да ограби спортска обложувачница

Полицијата приведе скопјанец кој денес околу 9 часот се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во селото Волково, Скопско.

dobivaj vesti na viber

„Кај П.Ј. е пронајден пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело. П.Ј. се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје“, велат од МВР.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна

Обилни врнежи во Македонија, дождот преминува во снег и во градовите

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран