Утрински Весник
Македонија

Со ново рочиште продолжува судењето за „Пулс“

Whatsapp image 2025 12 02 at 13.00.51.jpeg

Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци.

На минатото рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес.

Адвокатот Петре Шилегов, пред почетокот на минатото рочиште побара да се има предвид брифингот на ОЈО ГОКК за запирање на постапката за службени лица и за целисходност и економичност на постапката таа да се запре и ЈО да ја преиспита околноста изнесена од ОЈО ГОКК, нагласувајќи дека за дел од сега обвинетите може да се поистоветат и повлечат обвиненијата.

-Од Обвинителството се контрадикторни за ист настан и исти околности против службени лица. За мене извесен е исходот со ваквиот став на Обвинителството. Мислам дека е поцелисходно наместо да продолжиме, Обвинителството да се преиспита. Едно судење државата ја чини 150 илјади евра. Тогаш сериозно треба да се преиспита и економичноста на постапката. Знам дека не сме во таа фаза, но ќе ви доставам копија од брифингот, изјави Шилегов.

Обвинителот Борче Јанев укажа дека ЈО ги нема одлуките од брифингот на ОЈО ГОКК за запирање на постапката за полициските службеници, посочувајќи дека таквите одлуки подлежат на оценка од повисоките ЈО и дека со оглед на краткиот рок не се конечни.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето што се закануваа дека ќе тепаат и убиваат сликани со Спасовски

Сообраќајка во Охрид, двајца возачи имале забрани, возилата им се одземени

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на ОАЕ, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан