Утрински Весник
Македонија

Со новиот Граѓански законик до поголема правна сигурност и полесно остварување на правата на граѓаните

Со новиот Граѓански законик до поголема правна сигурност и полесно остварување на правата на граѓаните

Министерството за правда и Работната група за граѓанскиот законик поддржани од регионалниот проект “Правни реформи за економски развој во Западен Балкан” финансиран од германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и имплементиран од ГИЗ организираат дводневна Конференција за законот за семејно право и законот за наследство која се одржува на 31-ви и 1-ви април во Охрид, Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

На отворањето на конференцијата Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда на Северна Македонија истакна дека “усвојувањето на Граѓанскиот закон претставува најсериозен потфат не само во сферата на граѓанското право, туку и во рамките на правниот систем на нашата држава. Со изработката на Граѓанскиот законик ќе се надминат правните празнини, недореченостите и противречностите кои што постојат во законите што ја регулираат оваа материја и ќе се обезбеди и она што е најголем проблем во владеењето на правото во државата, а тоа е правната сигурност.”

“Со усвојувањето на новиот Граѓански законик, Република Северна Македонија ќе им се придружи на европските земји кои имаат Граѓански закони и ќе биде првата земја во регионот на Западен Балкан, финализирајќи го процесот на граѓанска кодификација. Усвојувањето ќе обезбеди поголема правна безбедност и доверба од страна на граѓаните и од страна на учесниците во правните трансакции и во инвестициите. Германската соработка ќе продолжи да создава платформи во кои соседните правни системи можат да разменуваат перспективи и најдобри практики”, рече Јана Шуман, тим лидер во ГИЗ.

Членовите на академската заедница, судиите, нотарите, адвокатите, и истакнатите правници ќе дебатираат за најзначајните реформи кои се предложени со нацрт-граѓанскиот законик за време на Конференцијата.

Можете да прочитате

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога