Утрински Весник
Македонија

Со месеци не функционира Агенцијата за слободен пристап до информации

Eme 0212.jpg

Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата – Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, веќе три месеци не работи. Причина за тоа е што по завршувањето на мандатот на директорката во декември 2025 година, не е избран нов директор. Иако претходната директорка Пламенка Бојчева пред заминувањето на 25 декември дала овластувања на службите во Агенцијата таа непречено да функционира, овластувањата, како што рече Бојчева во разговорот за ДВ, биле поништени како неважечки. Со тоа запреле и сите функции на Агенцијата, а 15-те вработени од 3 декември немаат земено ни плата.

Исклучен е и интернетот, а не работи ниту веб-страницата на оваа институција, која има функција да ги држи на око министерствата, кабинетите на политичките функционери и другите органи во државата, да ја надгледува нивната транспарентност и да посредува кога државните служби одбиваат да ја исполнат својата обврска да даваат информации од јавен карактер.


Поранешната директорка Пламенка Бојчева, која се врати на старото работно место во друга институција, вели дека е разочарана од односот кон Агенцијата. „На денот на завршувањето на локалните избори ги известив надлежните дека на заменик директорот му престана функцијата, бидејќи стана советник во општина Куманово, и дека и мене како директор ми истекува мандатот на 25 декември. Имаше еден оглас за директор кој не успеа и Агенцијата остана така. Многу се трудевме јас и вработените додека бев таму и ја издигнавме оваа институција на потребното ниво. Сега со огромно жалење гледам дека е нефункционална“, изјавила таа за ДВ.

Можете да прочитате

МНР со апел до македонските граѓани кои се наоѓаат во ОАЕ, Катар, Квајт и Бахреин

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

Уапсен дилер од Кавадарци – 24info.mk