Утрински Весник
Македонија

Со ликот на Таравари се продава препарат за слабеење, тој алармира дека е злоупотребен и бара истрага од институциите

Со ликот на Таравари се продава препарат за слабеење, тој алармира дека е злоупотребен и бара истрага од институциите

Арбен Таравари, претседателот на владиниот коалиционен партнер Алијанса на Албанците, ја предупреди јавноста дека неговото име е злоупотребено во реклама за производ за слабеење и ги повика институциите да преземат мерки за како што вели тој, вакви лажни реклами.

dobivaj vesti na viber

„Како лекар, длабоко сум загрижен за ширењето лажна реклама во мое име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина. Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на вакви содржини, коишто во дадени околности дури може да предизвикаат и големи штети по нивната здравствена состојба, вели Таравари.

Според него, сите граѓани треба да имаат пристап до точни и веродостојни информации кога станува збор за нивното здравје и благосостојба.

„Ги повикувам институциите да преземат мерки против ваквите лажни реклами коишто не само што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда, туку и да предизвикаат сериозни здравствени ризици. На ваква злоупотреба во реклами за лекови што се нудат на социјалните мрежи злоупотребено беше и името на микробиологот Михаил Пановски, а се пожалија и неколку други стручњаци познати во јавноста“, напиша Таравари во својата објава на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски