Утрински Весник
Свет

Со колона возила се превезуваат телата на убиените деца во градинка на Тајланд

Со колона возила се превезуваат телата на убиените деца во градинка на Тајланд

Колона возила со телата на децата што беа брутално убиени во вчерашниот напад на детска градинка во североисточниот дел на Тајланд денеска поминаа низ улиците на На Кланг.

dobivaj vesti na viber

Телата по обдукцијата им се вратени на семејствата за да може родителите да си ги погребат најблиските што ги загубија во грозоморниот напад на детската градинка од налудничав поранешен полицаец. Поранешниот полицаец уби 34 лица, меѓу кои 23 деца на возраст од две до пет години.

По крвавата гозба, убиецот побегнал во својот дом, каде што ги убил сопругата и детето, а потоа си го одзел животот.

Осомничен за убиството е Пања Камрап, кој минатата година беше отпуштена од полицијата поради сомнение за употреба на дрога. Тој вчераутро бил во суд на рочиште поврзано со тој случај по што отишол во градинката да си го земе детето.

Кога му кажале дека детето не е во градинка, тој дивеел и извадил пиштол. Наводно со себе имал пиштол, пушка и нож и почнал да убива по случаен избор.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа