Утрински Весник
Македонија

Со хеликоптер на МВР Леонид вратен дома по лекувањето во Виена

Leonid1.jpg
Dik 300x250 mk

Во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето на таткото на младиот Леонид Индов кој беше на лекување во Виена, Австрија, организиран транспорт со хеликоптер.

Леонид вчера попладне се врати дома.

– ДЕНЕСКА (28.07.2024) СО ХЕЛИКОПТЕР НА ОДДЕЛОТ ЗА ВОЗДУХОПЛОВНИ ЕДИНИЦИ НА МВР, ОПРЕМЕН СО МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА, И СО МЕДИЦИНСКИ ТИМ ОД ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ БЕШЕ РЕАЛИЗИРАН УСПЕШЕН ТРАНСПОРТ ДО СКОПЈЕ НА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН КОЈ БЕШЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО ВИЕНА, АВСТРИЈА.

Ова е прв ваков воздухопловен транспорт во нашата држава, на лице заболено од параплегија и за овој зафат неопходна беше инсталација на посебна опрема во леталото во кое патуваше и соодветен медицински тим.

Транспортот со хеликоптер, се остварува согласно договорот за соработка и транспорт на болни лица помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош