Утрински Весник
Македонија

Со грант од 2 милиони евра од ЕБР ќе се прави студија за подобра животна средина

Evra.webp.webp

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе биде потпишан грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.

Како што соопштија од Министерството, на настанот ќе се обратат вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас и Билјана Милошеска од ЕБРД.


Грантот во вредност до 2 милиона евра, е наменет за спроведување на физибилити студии и анализи за животната средина и социјални аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион, наведуваат од МЖСПП.

Можете да прочитате

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот