Утрински Весник
Македонија

Со два „голфови“, тројца криумичари од тетовско „разнесувале“ мигранти – полицијата со нова акција

Притвор за шверцерите на мигранти што се степаа со полицаец, со чиј пиштол беше убиен мигрант во Гевгелија

Вчеравечер 22,45 часот од страна на полициски службеници за ГП и ГН Богородица во координација со полициски службеници од ПС за ГН Михајлово, на регионалниот пат Демир Капија- Неготино, во близина на Прждевски споменик, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од М.Р. (27) од Тетово и при преглед на возилото пронајдени се седум мигранти од Сирија.

dobivaj vesti na viber

„Запрено е и возило „голф“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од К.Б. (29) од Боговиње, а совозач бил Џ.А. (33) од Боговиње, кое служело како претходница. Тројцата криумчари на мигранти се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе