Утрински Весник
Македонија

Со дронови ќе се ловат подметнувачите на пожари, рече директорот на Бирото за јавна безбедност

Pozar.jpg

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на својот фејсбук профил најави дека со дронови ќе се ловат лицата кои ги подметнуваат пожарите.

„Денес со дел од мојот тим излеговме на терен во месноста „Буково“, на тромеѓата помеѓу село Расино, с.Косел и с.Опејнца, каде активно гори борова шума.Од лице место, за жал, мора да констатирам дека е зафатен поголем дел од борова шума и згрозен сум од апокалиптичните сцени на опожарените места. Во исто време, сакам да им се заблагодарам на пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија“, објави Јанев на својот фејсбук профил.

Тој истакна голема благодарност и за ангажираноста и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка не може да се стават под контрола пожарите, заради тешко пристапните терени.

„Апелирам до граѓаните! Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е еколошки криминал од највисок степен!, Денес најавувам ангажирање на сите расположливи дронови, кои ќе бидат во функција 24 часа, заедно со термалните камери, заради откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари“, посочи Јанев.

Можете да прочитате

Брзата интервенција на пожарникарите и доброволците го спречи ширењето на пожарот во Штип

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал