Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, кој по две пандемиски години, се одржа со физичко присуство, во аулата на Ректоратот на Универзитет.
Традиционално, Универзитетот го одбележува Светскиот ден на науката со промоција на најдобрите научници и уметник на Универзитетот за достигнувањата реализирани во изминатата календарска година. Годинава, овој настан беше збогатен со доделување на плакета за посебен придонес во развојот на научноистражувачката дејност на Универзитетот и исклучителни достигнувања во целокупната кариерата.
Доделени се награди на најдобри ученици и уметник во 2021 година:
Во научното подрачје на природно-математичките науки со врвни резултати за 2021 година е избрана д-р Рената Ќуштеревска, вонреден професор на Природно математички факултет
Во научното подрачје на техничко-технолошките науки со врвни резултати за 2021 година е избран д-р Петре Ламески, вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство.
Во научното подрачје на медицинските науки со врвни резултати за 2021 година е избран д-р Игор Спироски, вонреден професор на Медицинскиот факултет.
Во научното подрачје на општествените науки со врвни резултати за 2021 година е избрана д-р Виолета Цветковска, вонреден професор на Економскиот факултет.
Во научното подрачје на хуманистичките науки со врвни резултати за 2021 година е избрана д-р Лидија Тантуровска, научен советник на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“,
За најдобар уметник за 2021 година е избрана м-р Дарија Андовска, редовен професор на Факултетот за музичка уметност.
Доделени се Плакети за посебен придонес во развој на научноистражувачката дејност и интернационализацијата и афирмација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа:
1. На проф. д-р Трајче Стафилов, редовен професор (во пензија) на Природно-математичкиот факултет во знак на признание за посебен придонес, во две категории:
· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (199 заклучно со 2021),
· за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.
2. На проф. д-р Марјан Гушев, редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во знак на признание за посебен придонес, во две категории:
· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (158 заклучно со 2021)
· за најголем број научни публикации на Web of Science во изминатата деценија 2011 – 2020.
3. На проф. д-р Лилјана Гавриловска, редовен професор (во пензија) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во знак на признание за посебен придонес, во две категории:
· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (116 заклучно со 2021),
· за раководење на најголем број меѓународни проекти во периодот на интегриран универзитет 2009 -2021 година.
4. На академик проф. д-р Љупчо Коцарев, редовен професор (во пензија) на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во знак на признание за посебен придонес, во две категории:
· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (106 заклучно со 2021),
· исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.
5. На проф. д-р Гоце Спасовски, редовен професор на Медицинскиот факултет му се доделува во знак на признание за посебен придонес, во категоријата:
· за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of Science (114 заклучно со 2021).
6. На проф. д-р Иван Грозданов, редовен професор (во пензија) на Природно-математичкиот факултет во знак на признание за посебен придонес, во категоријата:
· за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.
7. На академик проф. д-р Леонид Грчев, редовен професор (во пензија) на Факултетот за електротехника и информациски технологии во знак на признание за посебен придонес, во категоријата:
· за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.
На настанот пред присутните се обрати ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, Проректорката за наука проф. д-р Валентина Гечевска, добитничката на награда за 2021 година проф. д-р Лидија Тантуровска и добитниците на Плакета на Универзитетот академик проф. д-р Љупчо Коцарев и проф. д-р Лилјана Гавриловска.