Утрински Весник
Македонија

Со 23 бомби низ Скопје заканувачот бара укинување санкции

Со 23 бомби низ Скопје заканувачот бара укинување санкции

„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политичка партија за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународниот аеродром Скопје, 5 бомби во Националната арена „Тоше Проески“, една бомба во зградата на ФФМ, една бомба во ТЦ „Ист Гејт“, две бомби во хотел „Мериот“ и една бомба во хотел Сенигалиа, пишува во писмото кое утринава е испратено на електронската адреса скопскиот аеродром, текст кој веќе и се споделува на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Во дописот меѓу другото се вели дека бомбите се активираат и ќе експлодираат на „сеизмичен покрет“.

„Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, е.ани гомна“, се вели во заканувачката порака.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација