Утрински Весник
Македонија

Снопче: Големата поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за „Вреди“ е опасна

Halil Snopce.png
Dik 300x250 mk

Пратеникот на опозициската Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, Халил Снопче, во интервју за албанската телевизија „Ора њуз“, изјави дека за првиот круг од локалните избори во Македонија се изнесуваат две спротивставени оценки што, според него, е парадоксално.

„Вистината е една – и неа ја одредуваат бројките. Победникот на изборите се одредува врз основа на гласовите за листите на советници, бидејќи таму се гледа вистинската поддршка на партиите или коалициите“, рече Снопче.


Тој додаде дека, според овој критериум, коалицијата Национална алијанса за интеграција (АКИ), предводена од ДУИ, добила 23 илјади гласови повеќе од владејачката „Вреди“, и тоа, според него, е „неспорната вистина“.

Снопче обвини дека неуспехот да се постигне цензусот во Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше е резултат на „изборен инженеринг“ и непрочистениот избирачки список.

„Денес имаме стотици, можеби илјадници починати лица кои сè уште се појавуваат на списокот. Во секоја општина со македонско мнозинство, бројот на гласачи е намален, додека во Гостивар е зголемен за 4.000 во споредба со 2021 година“, рече Снопче.

Тој исто така рече дека „големата поддршка“ која ВМРО-ДПМНЕ ѝ ја даде на „Вреди“ е „опасна за државата“.

„Никогаш во историјата на Македонија, македонска партија не ѝ дала толку голема поддршка на албанска партија. Ова ќе има последици, бидејќи ‘Вреди’ во иднина ќе биде целосно под контрола на Мицкоски“, рече Снопче.

Снопче додаде дека Алијансата за Албанците го поддржува „албанскиот кандидат“ во Брвеница, иако тој е од „Вреди“, но дека истото не се случило во Кичево.

„По заканите на Мицкоски, експонентите на ‘Вреди’ се повлекоа од поддршката на албанскиот кандидат во Кичево, со што ја загрозија неговата победа“, рече Снопче, според кого „заканувачките изјави на Мицкоски“ имаат за цел „да ги исплашат албанските гласачи од „Вреди“.

„Тој сака да ги обвие во страв и конфузија, сугерирајќи дека гласањето за албанскиот кандидат би можело да ја загрози коалицијата на ВМРО-ВЛЕН. Ова функционира“, изјави пратеникот на Алијансата за Албанците.

Можете да прочитате

Нема да има марш оваа сабота во Кочани

Политиката ја јаде и уметноста: ВРЕДИ за свој успех си припишува настап на Филхармонија во Виена

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат