Утрински Весник
Македонија

Снопче го бранеше предложениот министер за правда: Не можеме да се ослободиме од комунистичкиот менталитет

Снопче го бранеше предложениот министер за правда: Не можеме да се ослободиме од комунистичкиот менталитет

Пратеникот Халил Снопче од Алијансата за Албанците реагираше оти Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница посочи дека братот на Кренар Лога, кадар за министер за правда бил осомничен за убиство. Снопче му рече на Ковачки дека постапува како во комунизмот, објаснувајќи дека во тоа време кога некој член на семејство ќе сторел некакво дело – одговорност имал друг член на семејството.

dobivaj vesti na viber

„Не можеме да се ослободиме од комунистичкиот менталитет. Вие сте десничарска партија а уште употребувате комунистички менталитет ‘браќа, сестри, татковци, мајки, братучеди’.. Во комунизмот, ако братучедот или мајката направеше некое дело, значи синот, сестрата, братот тие одеа во затвор. Го употребувате името на Кренар Лога. Обвинителството кажа дека е отфрлена кривичната пријава оти не постои основано сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело. Ова е од одговор на Обвинителството. Многу јасно. Кренар Лога пред две години со 95 гласа ‘за’ беше избран за член на ДИК. Кога ВМРО гласаше за Кренар Лога, не се артикулираа овие докази. Кога Лога се среќаваше со Мицкоски беше добар, е сега, не чинел“, кажа Снопче на седницата.

На ова одговори Ковачки.

„Кога кажувате за комунизам и за тоа го обвинувате ВМРО-ДПМНЕ треба да имате во предвид дека СДСМ е наследник на комунистичката партија, а вие денеска со нив влегувате во коалиција. Уште еднаш ќе повторам, она што ве праша Бојан Стојановски – дали ќе ја свикате анкетната комисија поврзана со несреќата од Беса Транс? Дали како што бевте борбен кога бевте во опозиција ќе останете и сега доследен?“, праша Ковачки.

Собраниската седница е за разрешувањето на Беким Сали, минситер за здравство, кадар на Алтернатива која излезе од Владата.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации