Утрински Весник
Македонија

Снопче: Ако АА излезе од Владата, ќе има потреба од нови избори – Ќоку најавен како нов координатор на „Влен“

Img 8534.jpeg

Пратеникот Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на пратеничката група на коалицијата „Влен“, која ќе брои девет пратеници, потврди тој за Алсат. Сепак, од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за МИА информираат дека досега не е пристигнато официјално писмо за нова прераспределба во пратеничките групи.

„Процедурата во однос на пратеничките групи во Собранието е уредена со Деловникот“, наведуваат од Кабинетот на Гаши.


Досегашниот координатор на „Влен“, Халил Снопче, истакна дека и понатаму ја врши таа функција, затоа што новата пратеничка група формално не е оформена. „Доколку девет пратеници поднесат потпис за формирање нова група, ние автоматски ќе дејствуваме како одделна пратеничка група со пет пратеници“, рече Снопче.

Од Алијансата за Албанците во новата поставеност остануваат пет пратеници: Мимоза Муса, Ријад Шаќири, Садик Сулејмани, Салим Сулејмани и Халил Снопче. Деветтемина пратеници кои ќе ја сочинуваат новата група се од Беса, Демократско движење, Алтернатива и Самоопределување, вклучувајќи го и Беким Ќоку.

На синоќешниот состанок на коалицијата „Влен“ беше најавен мораториум на сите јавни политички активности, а воедно беше истакнато дека ќе делуваат како еден политички субјект. Снопче додаде дека Алијансата на Албанците останува отворена за сите опции, вклучително и за опозиција, но предупреди дека „доколку тие бидат надвор од Владата, тоа ќе значи потреба од нови парламентарни избори“.

Можете да прочитате

1 Мај – Ден на трудот: Прослава, протест и скара – зошто и како настанал овој ден?

Повторно колони возила и гужви на границата со Грција

Пандов кажа во кого се сомнева за палењето на куќата – Имало гласини дека нешто му спремаат