Утрински Весник
Свет

Снежна бура во Германија: стотици летови откажани, патиштата блокирани

20240118111324 big 730x400 19

Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен кога снежните врнежи го покриjа автопатот предизвикувајќи сообраќаен метеж и колони возила што се протегаа со километри.

Полицијата не можела да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани автопатиштата, пренесува „Билд“.

Во сојузната држава Тирингија, покрај снегот, на коловозот имаше и мраз поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата.

Германската метеоролошка служба (ДВД) очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн над планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани, а понекогаш и обилни снежни врнежи“.

Стотици летови во Германија беа откажани вчера поради екстремните временски услови, кои ја придружуваат снежната бура Гертруда, а на патниците им се препорачува да го проверат статусот на летот пред да се упатат кон аеродромот.

Во Франција, особено во северните области, останува во сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.

Можете да прочитате

Кој ќе го замени Франциск? Ова се најверојатните кандидати за папа: Меѓу нив има неколку истакнати кардинали

Се запали моторот на авион пред полетување во САД, евакуирани речиси 300 луѓе

Бела куќа: Трамп стои зад министерот за одбрана по протекувањето информации од Пентагон