Утрински Весник
Свет

Снежна бура го погоди Колорадо, затворени училишта и владини канцеларии

Download 7.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Голем број училишта и владини канцеларии, како и делови од автопатиштата кои водат до областа Денвер денеска се затворени откако американската сојузна држава Колорадо беше погодена од снежна бура.

– Нашиот град не видел вакво невреме неколку години, објави вчера на платформата Икс, градоначалникот на Денвер, Мајк Џонстон. Дождот се претвори во снег во областа Денвер.

Во ова подрачје се очекува да наврнат од 25 до 50 сантиметри снег, а во западните предградија до 60 сантиметри, соопшти американската Национална метеоролошката служба.

Екипите се на терен и се обидуваат да ги расчистат патиштата. Поради невремерто на меѓународниот аеродром во Денвер но најмалку неколку стотици летови беа откажани или одложени во текот на денот.

Можете да прочитате

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд