Утрински Весник
Свет

Снегот направи тотален хаос во Пакистан: уништени куќи, загинати најмалку 35 лица, меѓу нив и деца

Pakistan.jpg

Најмалку 35 луѓе загинаа, а десетици се повредени откако замрзнат дожд и неочекуван снег ги погодија оддалечените области на Пакистан во текот на викендот.

Меѓу загинатите има и 22 деца, од кои многумина се загинати при лизгање на земјиште што ги затрупа нивните домови, соопштија властите за управување со катастрофи.

Екстремните временски услови ги погодија северните и западните региони на Пакистан, блокирајќи ги патиштата и стотици домови.

Снегот во март во Пакистан е невообичаена појава, со оглед на нормално влажната клима. Муштак Али Шах, поранешен директор на метеоролошкиот оддел во земјата, ги припиша необичните услови на климатските промени.

Поројните дождови целосно уништија најмалку 150 куќи и делумно оштетија 500 други, главно во Хајбер Пахтунхва и југозападната провинција Балучистан, соопштија властите.

Во некои области струјата е целосно исклучена веќе неколку дена.

Покраинската влада на Хајбер Пахтунхва обезбеди помош за погодените области и најави финансиска помош за семејствата на загинатите.

Пакистанската метеоролошка служба објави во својата неделна прогноза дека до крајот на оваа недела се очекува „главно студено и суво време“ во поголемиот дел од земјата, иако снежни врнежи се очекуваат во некои делови на Балучистан и Кашмир.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници