Утрински Весник
Свет

Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта 

20251120095529 big 730x400 6.webp.webp

Поголемиот дел од Белгија утрово осамна под снежна покривка од неколку сантиметри, што предизвика застои во сообраќајот на белгиските патишта и колони возила чија вкупна должина околу 8 часот достигна над 500 километри. 

Белгискиот Кралски метеоролошки институт утрово издаде „жолто“ метео аларм за можност од нови снежни врнежи, пред се во западните и во централните делови на Белгија, кои „локално и привремено“ би можеле да доведат до создавање снежна покривка од еден до пет сантиметри.  

За денеска во Белгија се предвидени максимални температури од -1 до 5 степени Целзиусови. Комуналните служби во Брисел од рано изутринава се ангажирани за расчистување на улиците, при што според јавното претпријатие „Брисел Мобилити“ за околу 3,5 часа биле фрлени 85 тони сол. Паралелно, се работи и на чистење и на велосипедските патеки, со цел да се охрабрат граѓаните да продолжат да возат велосипеди и во текот на зима. 

Сепак, веќе за од попладне се предвидува да настапи разведрување, прво од северните делови на Белгија, кое потоа ќе се шири и низ другите региони од земјата.

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Над 400 милиони низ светот живеат во сиромаштија

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе