Утрински Весник
Спорт

Смртни закани кон Потер и неговото семејство

Смртни закани кон Потер и неговото семејство
Dik 300x250 mk

Греем Потер се наоѓа пред отказ во Челси. Менаџерот кој дојде на местото на Томас Тухел, забележа само девет победи на 25 натпревари. Челси под Потер на последните 14 натпревари има само две победи. Јасно е зошто на „Стенфорд Бриџ“ имаат намера да се разделат со екс-тренерот на Брајтон.

dobivaj vesti na viber

Потер минува низ најтешките моменти во кариерата. Откри дека секојдневно добива заканувачки пораки.

„Добив некои не особено „убави“ пораки преку електронси пат, тие сакаат да умрам. Тоа не е пријатно”, рекол Потер, додавајќи дека и членовите на неговото семејство добивале закани.

„Можете да ги прашате каков ни е животот во последно време. Воопшто не е пријатно“.

Во пресрет на неделниот натпревар со Тотенхем, Потер открил дека тешко се справува со сите притисоци, критики изакани.

„Кога одите на работа и кога некој ве пцуе, тоа не е пријатно. Можете да одговорите на два начина. Можам да кажам дека не ми е гајле, но тогаш ќе знаете дека лажам. На сите им е важно што мислат луѓето бидејќи тоа е во нашето природата да бидеме социјално поврзан“.

Со вакви резултати прифаќате критики, но тоа не значи дека е лесно, кога страда вашето семејство,вашето ментално здравје, вашата личност… Навивачите имаат право да се лутат, но не можат да ги променат резултатите со навреди.

Но, животот е тежок за многу луѓе. Поминуваме низ енергетска криза, криза на зголемени животни трошоци, луѓето штрајкуваат секоја втора недела. На никого не му е гајле за некој сиромашен премиерлигашки менаџер“, рече Потер.

Можете да прочитате

Вардар четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс