Утрински Весник
Македонија

Сметките на „Жан Митрев” остануваат блокирани, одлучи Апелација и му ја одби жалбата

Жан Митрев во битка со обвинителката: Поднесовме жалба за блокираните сметки

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Жан Митрев, пришто сметките на болницата остануваат блокирани.

dobivaj vesti na viber

„Апелација информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-208/23, по одржана јавна седница донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Ж. М. од С. и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Ж. М. од С., изјавена преку бранителите и решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.349/23 од 24.02.2023 година, со кое предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно-правно побарување на Основното јавно обвинителство Скопје КО.бр.2859/22 од 23.02.2023 година према обвинетиот Ж.М. и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Ж. М. од С. е уважен, го потврди.

Советот на овој суд најде дека првостепениот суд правилно постапил кога го прифатил предлогот на Обвинителството и спрема обвинетите определил привремени мерки – забрана за оптоварување и располагање со недвижноста наведена во изреката на решението, како и забраната за исплата на износите наведени во изреката на обжаленото решение од сметките на правното лице за износите за кои е определена мерката, наоѓајќи дека се исполнети сите законски услови“, велат од Апелациониот суд.

Донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на Судот.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете