Утрински Весник
Балкан

Службената премиерка на Бугарија од денеска се очекува да почне разговори за состав на кабинет

20240810083408 Big 730x400 34.webp.webp

Се очекува денеска кандидатот за технички премиер во Бугарија, Горица Гранчарова-Кожарева да започне разговори за составот на привремениот кабинет, јави БТА.

-Претседателот даде рок до 19 август да достави проект за кабинетот, што значи дека од утре ќе почнам разговори со актуелните министри, но и со други експерти, изјави таа вчера. Ќе формирам кабинет за да се обезбеди нормално функционирање на државата додека не се формира редовна влада, додаде таа.
Кожарева истакна дека најважна задача на преодната влада е одржувањето фер избори.

Шефот на државата Румен Радев ја назначи Горица Гранчарова-Кожарева за кандидат за состав на техничка влада.

Најсоодветниот датум за новите предвремени парламентарни избори е 20 октомври, рече Радев.

Можете да прочитате

Подлегна на повредите тинејџерот кој беше претепан кај Хемиското училиште во Лесковац

Убиен е син на хрватски пејач во Еквадор

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската