Утрински Весник
Македонија

Службен весник прослави 80-годишен јубилеј

Filkov.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Држејќи го вo раце првиот број на Службениот весник на Федералната единица Македонија во демократска и федеративна Југославија кој бил резервиран за основните акти на АСНОМ од 2 август 19444 година, министерот за правда Игор Филков во своето обраќање по повод јубилејот на ЈП Службен весник, го истакна значењето на службеното гласило за нашата државотворност.

,,Првиот број ги содржи основните акти на АСНОМ од 2 август 1944 година, со кои е формирана македонската држава со сите елементи и атрибути на државноста, како телата на законодавна и извршна власт, јазикот, системот на образование, системот на здравство, никулецот на судството, платежно средство, територијална поделба на државата, бројни правилници, оперативни решенија. Но тука е и решението за определување на Илинден- 2 август за ,,народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за негово конечно ослободувањe од вековното ропство и создавањето на слободната и суверена федерална македонска држава “. Уште поголема е гордоста од свесноста која нашата држава ја посветила на човековите права, усвојувајќи ја Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија”,истакна министерот за правда, Игор Филков.


Владата на Република Северна Македонија, е основач на Јавното претпријатие „Службен весник на Република Македонија“ но Министерството за правда е матичното министерство кое е надлежно за подготовката на законската регулатива при објавувањето на законите, другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“, како и издавањето на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“, како дејност од јавен интерес. Тоа, според министерот Филков, создава посебна врска помеѓу двете институции, кои се упатени на процес на постојана комуникација и соработка.

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје