Утрински Весник
Македонија

Слупчане го условува ЕВН: Простете ни ги долговите, највисоките сметки да бидат 3.000 денари, дајте ни бесплатни приклучоци за нови куќи

Слупчане го условува ЕВН: Простете ни ги долговите, највисоките сметки да бидат 3.000 денари, дајте ни бесплатни приклучоци за нови куќи

Жителите на Слупчане ги условуваат екипите на ЕВН за да им дозволат да влезат во селото. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата тврдат дека се соочуваат со вербални и физички напади. „Макфакс“ дојде до документот на жителите на Слупчане, испратен преку Општина Липково. Тој се состои од 14 точки, преку кои се бара за нив да не важат правилата што треба да ги почитува секој граѓанин, односно потрошувач. Простување долгови од илјадници евра, бесплатни приклучоци, но и највисоката сметка што ќе ја добиваат да биде 3.000 денари – се дел од барањата.

dobivaj vesti na viber

„Не прифаќаме мерните уреди да се постават надвор од куќите. Сѐ додека ова не се случи во цела Северна Македонија, не дозовлуваме ние да бидеме исклучок; да им се простат старите долгови на корисниците на ЕВН од Слупчане; на секој крај од селото, каде што ќе се гради куќа, да му се обезбеди електрична мрежа од страна на ‘ЕВН Македонија’, а не граѓанинот повторно да плаќа илјадници евра за бандери; да се постави ограничена цена од 3.000 денари од семејство, без разлика на потрошените киловати; цената да биде иста и по потрошувачката од 700 киловати од страна на потрошувачот, а не оваа цена да се удвојува; верските објекти да бидат ослободени од плаќање струја“, се само дел од условите на жителите на Слупчане.

Ваков договор не е постигнат, а екипите на ЕВН одново се жалат дека се цел на напади. Тие не може да работат на модернизација на мрежата додека не им бидат обезбедени услови. Жителите, пак, не ги пуштаат внатре во селото, меѓу другото, и поради страв дека ќе им ја исклучат струјата.

Загубите во Слупчане се 80 %, а наплатата е само 20 %.

Пред три недели екипа на „Макфакс“ беше во Слупчане, каде што жителите останаа 24 часа без струја и беа гневни. Тврдеа дека не е точно оти не ги пуштаат екипите на ЕВН во селото. Преговараа со компанијата преку министерот за економија Крешник Бектеши, па откога прифатија да се направи модернизација на мрежата, струјата им беше вклучена.

Можете да прочитате

Наместо во затвор – дома со електронска алка

Мајка на починато дете од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“