Утрински Весник
Македонија

Случајот со професионалниот војник кој беше фатен со дрога, „воена“ тајна

Armijaaa.jpg

Истражните институции без одговор дали има разрешница за случајот во кој професионален војник пред речиси два месеци беше фатен со дрога. Алсат го објави случајот со професионалниот војник Никола Ивановски кој на 28 февруари бил фатен со марихуана, а според наши извори, кај војникот биле пронајдени најмалку 70 грама марихуана како и дигитална вага. Војникот се сомничи за поседување, но и за продажба на дрога.

Информацијата за истиот медиум ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи, од каде одговорија дека кај Ивановски и уште едно лице била пронајдена марихуана, како и дека четири дена подоцна за случајот било известено и јавно обвинителство. Дрогата кај Ивановски била пронајдена при полициски претрес на возило пред маркет во Делчево.


Понатаму, обвинителството на 4 март побарало да се вештачат одземените предмети од Ивановски, меѓутоа од МВР на прашањата на Алсат не одговорија дали е извршено нареденото вештачење на одземеното и дали случајот против Ивановски има институционална завршница откако тој беше фатен со марихуана. Во меѓувреме, против војникот се води и дисциплинска постапка на неговото работно место, а од Армијата одговорија дека конечна одлука за тоа дали Ивановски ќе биде исклучен од војската ќе се донесе откако обвинителството и полицијата ќе го расчистат случајот до крај.

Информации говорат дека висок воен функционер преку лица на раководни функции во МВР побарал ослободување на Ивановски, поточно тој да се гони како да се работи за цивилно лице, иако за службени лица се јасни одредбите од кривичната постапка. Неофицијално, Алсат дознава и директорот на воениот музеј на 1 март директно интервенирал за да се ослободи Ивановски, за кој пак од медиумот откриваат дека е внук на висок функционер во Генералштабот на Армијата.

Михаило Донев за Алсат М

Можете да прочитате

Министерот Љутков откри кога ќе бидат исплатени задоцнетите плати на вработените

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

УЈП со важно соопштение за граѓаните