Утрински Весник
Свет

Словачкиот премиер Фицо ќе стави вето за членството на Украина во НАТО

Screenshot 2024 01 21 100046

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека е против членството на Украина во НАТО и дека ќе стави вето на членството на земјата во Алијансата бидејќи, како што наведе, тоа е „патот кон третата светска војна“. Тој за „Радио Словенско“ изјави дека ЕУ секој месец во Украина испраќа 1,5 милијарда евра и отворено запраша колку е тоа одржливо. Според него, на маса за проверка е и одбранбениот договор со САД. -Го споредивме договорот, на пример, со оној што го склучи Чешка. Нашиот е без апсолутна трошка суверенитет, рече Фицо, пренесува словачки „Стандард“. Тој посочи дека според овој договор, на пример, на сојузничките авиони им се дава овластување да слетуваат и полетуваат само со најнеопходните технички дозволи. Фицо, истакна дека словачките електрани не се заштитени со ПВО системи. -Го испративме тоа што го имавме во Украина, рече словачкиот премиер и додаде дека словачкиот систем „С-300“, што политичарите на поранешната влада го нарекоа отпад, украинските медиуми го пишуваат како ефикасна одбрана на воздушниот простор. Според „Стандард“, Фицо в среда во Ужхород ќе се сретне со украинскиот премиер Денис Шмихал, кому ќе му каже дека Украина нема да добие никакво оружје од Словачка. -Ќе му кажам дека има работи за кои имаме сосема поинакво мислење, ќе му кажам дека кога станува збор за влез во ЕУ ги почитуваме, но тие мора да ги исполнат условите, а не земја која апсолутно не ги исполнуваат сите услови да влезе во ЕУ, посочи Фицо. Тој додаде дека и на украинскиот премиер Шмихал ќе му каже дека е против влезот на неговата земја во НАТО.

 

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд