Утрински Весник
Свет

Словачки министер за одбрана: Наместо НАТО војска, вратете ги украинските мажи назад

3149969 1200x.webp.webp

Наместо да размислуваат за испраќање војници на НАТО во Украина, западните сојузници на Киев треба да им помогнат на украинските полнолетни мажи да се вратат дома и да се приклучат на војската, изјави денеска словачкиот министер за одбрана Роберт Калинак.

Тој изјави дека меѓу украинските бегалци во западните земји има група луѓе опфатени со украинскиот закон за мобилизација, односно сите освен деца, жени и постари мажи, пренесува Политико.

„Тие се доволно патриоти, затоа треба да ги мотивираме и да обезбедиме ресурси за да се вратат оние млади луѓе кои се способни да и служат на Украина. Тоа секако е подобро од испраќање наши војници таму“, рекол Калинак.

Тој истакна дека околу 300.000 мажи ја напуштиле Украина од руската инвазија во февруари 2022 година.

Украинскиот закон за мобилизација, кој досега го помина само првото читање во парламентот, ја намалува долната граница за мобилизација од 27 на 25 години.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот