
Тројца блиски пријатели на Росица која беше брутално убиена од нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски, за „Слободен печат“ тврдат дека СМС-пораката во која таа очајно бара помош од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е веродостојна и испратена од нејзиниот број на бројот на министерот. Таа порака според нивните сведоштва, уште постои во мобилниот телефон на Росица кој е задржан во полиција на вештачење и додека била жива, самата им ја покажала. Две пријателки на Росица кои се сестри, тврдат дека лично ја виделе пораката во телефонот на Росица бидејќи таа им ја покажала.
-Кон крајот на мај, по кражбата и вандализмот врз автомобилот на Росица, и покрај тоа што веќе имаше поднесено четири пријави против Илија во тој момент, таа не се чувствуваше безбедно.
Свесна дека нејзините пријави не се сфаќаат сериозно, но и борбена како што секогаш беше, успеа да го пронајде бројот на министерот Панче Тошковски и лично да го извести за својата ситуација. На почетокот на јуни, во разговор меѓу мене, мојата сестра и Росица за ситуацијата, таа ни ја покажа пораката што ја испратила до министерот.
Во пораката, Росица детално ги изрази заканите со кои се соочуваше и ја нагласи итната потреба од институционална интервенција, која за жал никогаш не дојде, изјави за „Слободен печат“ Лорета Слабева, блиска пријателка на сега убиената Росица.
По социјалните мрежи се шири и слика направена од мобилниот телефон каде росица истат порака ја пратила на свои пријатели и вели дека е пристигната кај министерот но нема никаква реакција, па вели ќе мора да се оди преку медиуми. За жал нив никогаш не стигна да ги извести.
Извор: Слободен печат, Мирослава Симоновска