Утрински Весник
Магазин

Слика на Клод Моне е продадена за речиси 35 милиони долари на аукција

Medium 2024 05 16 73a4daca84.jpg

Сликата од Клод Моне е продадена за речиси 35 милиони долари на аукција во средата вечерта, соопшти Сотби означувајќи силен почеток на пролетната продажба на уметнини во Њујорк.

И Сотби и ривалската аукциска куќа Кристи ја започнаа својата пролетна аукциска сезона во понеделникот. Иако глобалниот пазар на уметнини стагнираше минатата година, брзата продажба во Лондон и Париз поттикна оптимизам за 2024 година.

Сликата Meules à Giverny која францускиот модернист Клод Моне ја насликал во 1893 година, продаден е за 34,8 милиони долари по жестоко наддавање.

Војната во Украина доведе до пад на бројот на руски купувачи, така што продажбата на аукциски уметнички дела ширум светот падна на 14,9 милијарди долари минатата година, во споредба со 16 милијарди долари во 2022 година.

Можете да прочитате

Илон Маск за церемонијата на отворање на Олимпијадата: Беше крајно непочитување кон христијаните

Селин Дион со историски настап ги расплака сите на отворањето на Олимписките игри во Париз

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат