Утрински Весник
Македонија

СЛЕДУВА ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе врне дожд, на планините и скијачките центри снег, а снежната покривка ќе се зголемува!

Meteoalarm.mk 46.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

До крајот на оваа недела во Македонија ќе имаме многу променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, повремено и на повисоките места со надморска височина до околу 1000 метри, и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува.

Особено во недела повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И во Скопскиот регион следува период на променливо време со повремен локален дожд, додека на околните повисоки планини ќе има услови и за повремени врнежи од снег. Особено во недела ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, поради облачноста наутро тие речиси насекаде ќе бидат над нулата, со исклучок на високите  и планинските места каде секако како што погоре напоменав ќе имаме нов снег а и температурите ќе бидат многу пониски.

Максималните дневни температури пак во Македонија во следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Барем од сега гледано, повторно спуштање на значително поладен воздух од север во Македонија ќе има кон средината на следната седмица, но околу ова подетална  и многу попрецизна анализа ќе имам за време на викендот.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари