Утрински Весник
Македонија

Следува продор на топол воздух од југозапад и променливо време

Meteoalarm.mk 15 2.jpg
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на продор на значително потопол воздух од југозапад, во нашата Република Македонија следува период на значително потопло и променливо време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Особено високи температури за овој период од годината очекувам во периодот од 24 до 27 октомври кога максималните дневни температури на воздухот во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. И во Скопје  и околината температурата во погоре споменатиот период ќе надминува 20 степени.


Како што кажав и претходно времето ќе биде многу променливо со повремен локален дожд а ќе дува  и слаб до умерен ветер од јужен правец. И во Скопје  и околината ќе има услови за повремен локален слаб дожд а ќе дува  и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Поради ваквите нагли временски промени ќе имаме  и значително неповолни биометеоролошки услови па така наглите температурни промени особено негативно ќе се одразат кај метеопатите кај кои е можна појава на позначителни здравствени проблеми па токму поради ова апелирам метеопатите да ги слушаат советите од својот лекар поради тоа што пред нас и тоа како се големи и нагли временски и температурни промени.

Следните утрини ќе почувствуваме дека и минималните температури се повисоки, односно и наутро ќе биде потопло.

Можете да прочитате

Мобилни царински тимови запленија 160 штеки цигари, 100 кг ветеринарни препарати, регистарски таблички, девизи и облека со потпис на познати модни брендови

Замрзнат имот во Србија и Македонија од осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Во Гостивар ќе се прегласува првиот круг за градоначалник само зашто не излегле уште 22 избирачи