Утрински Весник
Македонија

Следува максимумот на овој топол бран од Африка, потоа ни доаѓа освежување!

Meteoalarm.mk 83.png

Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ, односно од Африка кон нашата Република Македонија, од денес (среда 25 јуни) до (петок 27 јуни) ќе ни биде најтопло, односно топлиот бран ќе го достигне својот максимум кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40/41 степен во Повардарието.

Времето ќе биде сончево, стабилно и суво со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.  Во Скопје  и околината максимумот на температурата за време на максимумот на овој топол бран од Африка ќе достигне до околу 40/41 степен.


Ув индексот пак ќе има многу висока до екстремно висока вредност  и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните да не излегуваат без потреба во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Во петок (27 јуни) попладне  и навечер ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за локално невреме, додека за време на викендот следува намалување на интензитетот на овој топол бран од Африка, освежување на времето и умерен до засилен ветер од северен правец. Секако со ова ќе имаме  и пад на температурите.

Можете да прочитате

Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката, вели адвокатот на Ѓорчевски

Мицкоски најавува над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања