Утрински Весник
Македонија

Следува максимумот на овој мартовски топол бран од југ во Македонија!

Meteoalarm.mk 38.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (петок 14 март) и утре (сабота 15 март) ќе го имаме максимумот од овој топол бран кој ја зафати нашата Република Македонија и кој не е вообичаен за овој период од годината. Времето ќе биде постабилно, посончево и многу ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).


Што се однесува до температурите на воздухот, тие насекаде ќе надминуваат 20 степени, на многу места тие ќе се искачат до околу, па  и над 25 степени, а во Повардарието тие ќе се искачат дури до околу 30 степени, особено во сабота (15 март).

И во Скопје ќе имаме слично време со температура која ќе се искачи близу 30 степени.

Можете да прочитате

Меџити изврши увид на градежните активности за изградба на примарната водоводна мрежа во Мерово, Желино

Царина и АХВ заедно против измами со увоз на храна – фер пазар за сите

Кривична пријава за случајот со демирхисарската гимназија – шест службени лица осомничени за злоупотреба