Утрински Весник
Македонија

Следната седмица повторно високи температури – Скопје до 38 степени

Toplo vreme.jpg

Македонија и во текот на наредната работна седмица ќе остане под влијание на топол воздушен бран од југ, односно од Африка, но овој пат со нешто поумерен интензитет, информираат метеоролозите.

Во периодот од понеделник до петок продолжува сушниот и стабилен период, со претежно сончево и топло време, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен и североисточен правец.


Минимални услови за слаб и краткотраен локален дожд се очекуваат само во вторник.

Температурите ќе се движат во интервал од 31 до 38 степени, а во Скопје се очекува максималната дневна температура да достигне до 37, односно 38 степени.

Утринските температури на почетокот на седмицата ќе се спуштаат меѓу 12 и 19 степени, но потоа ќе бидат во постепен пораст и ќе се движат од 15 до 22 степени.

УВ индексот ќе биде висок до многу висок, со вредности помеѓу 8 и 9.

Можете да прочитате

Кузеска: СДСМ бара итна истрага – зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБМ

За викендот 1699 казни во сообраќајот, 60 лица лишени од слобода, одземени 20 возила

Почина 38-годишен гостиварец – ќе се утврдува причината за смртта