Утрински Весник
Македонија

Следната седмица ни доаѓаат нови обилни дождови

Meteoalarm.mk 7.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер.


Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на следната седмица во нашата Република Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење  и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.

Се на се, овие врнежи кои ги најавувам за следната седмица  и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни и во нашата Македонија.

Можете да прочитате

ЦУК: Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висината на снегот

Мециновиќ до Божиновска: Колкав е долгот на ЕСМ и дали се подготвувате да го приватизирате? 

Амбасадорот на Турција во честитачка посета кај градоначалникот Лимани – сигнал за зајакнување на соработката со Гостивар