Утрински Весник
Македонија

Следната седмица натпросечно количество на врнежи за таа седмица – Би можеле да се соочиме со значително количество на дожд и снег!

Webp Worker Commands 75bd66756f M6gv2 6fe5cac1a363ec1525f54343b6cc9fd8 Tqebl7 768x384 1.webp.webp

Најновите денешни излези на нумеричките модели за следната седмица укажуваат на тоа дека во југоисточна Европа, вклучувајчи ја и Македонија се очекуваат натпросечни врнежи за таа седмица. Тоа значи дека следната седмица Балканот и Македонија би можеле да се соочат со значително количество на дожд и на снег.

Промената на времето ќе започне уште од понеделник наутро кога ќе се прошируваат врнежи од дожд а на планините од снег. Снежната граница би можела да се спушти до околу, а понекаде и под 1000 метри надморска височина.

Ова би можело да создаде и проблеми на планинските превои следната седмица. Температурите следната седмица значително ќе опаднат.

Токму оваа голема промена ќе ја направи длабок циклон од запад, поточно истиот од Атлантикот ќе пристигне над Џеновскиот залив и ќе добива на сила. Сето ова ќе биде проследено и со силен ветер.

Будно ја следиме состојбата со развојот на времето што се однесува на следната седмица – Понатаму следуваат нови и по потреба обновени анализи.

Можете да прочитате

Учениците се враќаат на настава, со учебници, едносменска настава и без пролетен распуст почнува новата учебна година

Сончево и топло до 36 степени

Предизвиците на првиот училишен ден во Скопје