Утрински Весник
Македонија

Следната работна седмица го очекуваме првиот посериозен утрински мраз!

Meteoalarm.mk 74.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Следната работна седмица, како што долго време најавувам, ги очекуваме првите посериозни утрински мразеви во регионот, а со тоа  и во Македонија. Температурите во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а локално ќе се спуптаат до околу, па  и под -5 степени.

Во најголем дел од регионот ќе имаме појава на слаб до умерен, понекаде  и умерен до јак утрински мраз. И во делови од Македонија во утринските часови во текот на следната работна недела очекувам појава на умерен утрински мраз.

Сепак и порај ова, времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена облачност. Што значи дека во ноќните  и во утринските часови не очекува сув студ. Преку ден исто така температурите ќе бидат пониски за 6 до 9 степени пониски во однос на сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Се на се, како што и претходно најавив, овој долго најавуван ладен бран од север, особено ќе го чувствуваме во ноќните  и во утринските часови, кога ќе биде особено студено.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ