Утрински Весник
Скопје

Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје

Trajko Slaveski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

„3-4 месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во Буџетот за 2024 година останавме повторно на тие предлози”,истакна претседателот на Совет на Град Скопје Трајко Славески на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој продолжи и додаде:

„Прашањето е дали има средства предвидени во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има во ребалансот некоја промена која оди кон одвојување на средства за набавка на автобуси”, вели Славески.

Славески запраша дали има средства во буџетот предвидени за почнување на постапката за набавка на автобуси во Град Скопје, на што градоначалничката Данела Арсовска му одговори дека да, цел еден денар има за да се отпочне.

Можете да прочитате

Мицкоски присуствуваше на литургија во Соборниот храм 

Патник од Турција ограбен во скопско такси

Поради дефект без вода една скопска улица