Утрински Весник
Македонија

Славјанка Петровска со емотивен статус се прости од двајцата загинати во сообраќајката со мотоцикл во Скопје

20250525 143720 scaled.jpg

Пратеничката од редовите на СДСМ, но и поранешна министерка во Министерството за одбрана, Славјанка Петровска предмалку се огласи на социјалните мрежи со емотивен статус по повод жртвите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи деновиве на една од раскрсниците во Скопје кога мотоцикл удри во бетонски ѕид.

“Не сакав да поверувам во лошата вест, не сакав да прифатам дека вие двајца сте загинатите во сообраќајната несреќа, не сакав да прифатам дека туѓа неспособност и негрижа прекинаа два живота.
Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот.
Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно…Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање.
Вашето несреќно заминување не скрши сите, изгубивме многу, Министерството и Армијата изгубија многу, но за жал најголема загуба за вашите прекрасни семејства.
Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир. 💔🕊️”, напиша Петровска.


Можете да прочитате

Тошковски ги демантира обвинувањата за тендерот: Постапката е според закон, со банкарски гаранции и лабораториски тестови

Таравари контра Фетаи: Неговата група брои помалку од 40 луѓе кои чувствуваат вознемиреност и вина

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството се во времето на Филипче, дали тој стои зад скандалот со Онкологија?