Под слоганот „Слушај свежа музика“, СКОПСКО Smooth, викендов во МКЦ го најави најновото издание на фестивалот „ЗДРАВО МЛАДИ“ и истовремено го промовираше своето ново пакување во лимитирана серија, инспирирано од свежината на домашната музичка сцена.
![]()
Новиот, освежен дизајн природно се надоврзува на тукушто лансираната музичка платформа SmoothON, која ја става во фокус македонската музика и им дава поддршка на артистите што ја создаваат, но и го олеснува пристапот до свежи изданија преку QR кодот што го содржи секое пакување. Тој е директен линк до веб-страната www.smoothon.mk, каде те чекаат плејлисти со свежа македонска музика, креирани од музички професионалци што со децении работат и ја дефинираат сцената.
![]()
Еден од нив, легендарниот DJ Goce, го отвори загревањето за ЗДРАВО МЛАДИ со свој музички сет и ја крена атмосферата за младите хип-хоп артисти С.А.М. и Martix, дечките од Pluto’s Doubt, а незаборавната музичка вечер ја затвори DJ Diah.
![]()
СКОПСКО Smooth со освежен дизајн ќе биде достапен веднаш, па затоа пронајди го, освежи се и СЛУШАЈ СВЕЖА МУЗИКА!
ПР


