Утрински Весник
Македонија

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во зимската сезона

Aerodrom.webp.webp
Dik 300x250 mk

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“.

Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, а белградскиот 518 илјади. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24 илјади патници, објави специјализираниот портал „Екс-ЈУ аватион“ (Ex-Yu aviation).


Речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година.

Аеродромот во Загреб ги комплетира првите три со најголем раст во регионоот, со 176 илјади патници повеќе од зимската сезона 2024/25, а главен двигател таму е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.

Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113 илјади патници, тузланскиот планира зголемување за 96 илади, љубљанскиот за 91 илјада, а аеродоромот во Ниш за 88 илјади патници.

Севкупно, пазарите на поранешна Југославија оваа зимска сезона нудат 13.165.258 седишта на редовни летови во 84.633 авио операции.

Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авиоператерите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул Сабиха Гокчен со 342.704.

За оваа зима досега вкупно се закажани 26 нови рути од аердормите во поранешна Југославија.

Можете да прочитате

Левица: Орце бега од дебата без тутор и наместени прашања

Давкова на вечера со Макрон

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат