Утрински Весник
Скопје

Скопскиот аеродром со три милиони патници

Whatsapp Image 2025 03 07 At 16.12.40.jpeg

Три милиони патници на Скопскиот аеродром е историја, нешто што се случува првпат во Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој со раковдоството на ТАВ Македонија присуствуваше на свеченоста на аеродромот за испраќање на три милионитиот патник.

Николоски оцени дека Меѓународниот аеродром Скопје станува центар за регионот.

– Драго ми е што ова прекрасно семејство што денеска патува до Бари ја имаше среќата да биде три милиониот патник на Скопскиот аеродром. Ако споредиме со нешто што се случуваше пред 10, 20 и 30 години ова било незамисливо, Скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион, рече Николоски на прес-конференција.

Од септември лани досега има 21 нова дестинација до Скопскиот и до Охридскиот аеродром, што рече Николоски, многу говори за нашата посветеност за привлекување нови авиолинии и ова се најмногу нови дестинации што ги вовела која било држава во регонот. Затоа не се случајни бројките и не случајно Скопскиот аеродром ќе заврши со 3,2 милиони патници, а Охридскиот со над 300.000 и ќе имаме над 3,5 милиони патници до крајот на годинава, посочи Николоски.

Можете да прочитате

Без струја дел од Аеродром, Карпош и Илинден

Ѓорѓиевски: ЕБОР испрати писмо, БРТ проектот продолжува

Обезбедени 30 милиони денари за проширување на „Лајка“, велат од Град Скопје