Утрински Весник
Македонија

Скопскиот аеродром на 5.то место по бројот на патници во регионот, пред него аеродромите во Белград, Загреб, Приштина и Сплит

Img 8210

Комерцијалните аеродроми во земјите од поранешна Југославија минатата година забележаа повеќе од 35 ипол милиони патници.

Според официјалните податоци, ова е за пет милиони повеќе отколку во 2022 година, а повеќе од половина од аеродромите на листата успеале да ја забележат најпрометната година во историјата, пишува Biznis.ba.

Од друга страна, многу од регионалните аеродроми сè уште заостануваат зад бројот на патници во годината пред почетокот на пандемијата на коронавирус (2019).

На првото место на листата е Белград, кој лани опслужил речиси осум милиони патници (7.948.202). Ова е речиси 30% повеќе отколку во 2019 година, кога на белградскиот аеродром поминаа нешто повеќе од шест милиони патници.

Втор на листата е Загреб со нешто повеќе од 3,7 милиони патници, додека на третото место е аеродромот во Приштина со 3,4 милиони патници. На четврто место е Сплит со 3,3 милиони патници, додека Скопје со 2,9 милиони патници е на 5-то место, надминувајќи го Дубровник кој традиционално беше прометен аеродром.

Охридскиот аеродром имал околу 266.000 патници.

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!