Утрински Весник
Магазин

Skopje Sounds Good и Skopje Calling на 29 и 30 октомври во МКЦ

Skopje Sounds Good и Skopje Calling на 29 и 30 октомври во МКЦ

Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат на 29 и 30 октомври во МКЦ.

„Нашиот став е дека никогаш не треба да се предадеме и дека ако престане да се свири и пее, престанува и животот. Поради тоа, заедно со нашите спонзори- стратешки партнери, одлучивме двата фестивала Skopje Sounds Good и Skopje Calling коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, да се одржат во форма која е единствено возможна во овој момент“, велат од Авалон продукција.

Skopje Sounds Good, со скоро непроменет line up, ќе се одржи на 29 октомври, со настапи на BUČ KESIDI, NIPPLEPEOPLE и FUNK SHUI, а утредента на 30 октомври ќе се одржи македонско издание на Skopje Calling исклучиво со домашни диџеи и тоа: GALOSKI, CYRILLIC, CHRIS J и JANA SLAYY.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во четврток (07 октомври) во 09 часот наутро, во строго ограничен број по следниве цени: Skopje Sounds Good- 700 денари, Skopje Calling – 500 денари и Блок влезница за двата настана- 900 денари.

Од Авалон продукција наведуваат дека Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување на јавни настани.

Можете да прочитате

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот

Како да му дадете на телото пауза по празничните оброци?