Утрински Весник
Македонија

Скопје трча заедно: Придружете се на јубилејното издание на Виз Ер Скопски маратон

Vizer 800x534 1.jpg

Со мотото „Трчањето ќе те промени“, Виз Ер Скопски маратон низ годиниве покажа и докажа дека спортот зближува, отвора нови видици, авантури, шири позитивна енергија, урива спортски, па и други рекорди. Нема причина тоа да не биде така и на годинешново 20то јубилејно издание на најмасовниот спортски хепенинг во државава.

Годинава, скопските улици на 6.октомври ќе бидат домаќини на илјадници маратонци од преку 50 држави од целиот свет. Пријавувањето веќе е во тек (http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/), а местата полека се пополнуваат.

Организаторите повикуваат на масовно учество на роденденскиот маратон, да трчаме рамо до рамо со големите маратонски имиња, заедно да се радуваме и забавуваме, да волонтираме со своите сограѓани, да ги почувствуваме позитивните вибрации.
Од организацијата најавуваат несомнено одлично издание на трките, со можност секој еден учесник да стане дел од историјата на најголемиот спортски настан во земјава, кој годинава со гордост ќе прослави и 20 изданија постоење.

„Подготовките за реализација на роденденското издание на Виз Ер Скопски маратон се речиси при крај. Пријавувањето е во тек и досегашниот пројавен интерес ни влева надеж дека нè очекува издание со рекорден број на учесници. Со нетрпение го очекуваме 6.октомври и да потврдиме дека не случајно Виз Ер Скопски маратон е етаблиран спортски настан во европски, па и светски рамки“, вели Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон, кој очекува голем интерес и безрезервна поддршка и од граѓаните волонтери кои ќе им помогнат и бодрат маратонците и ќе бидат дел од мисијата на многу тркачи за успешно завршена трка.

„Придружете ни се заеднички да создадеме спомени кои траат цел живот. Бидете дел од уште една успешна година и истрчани илјадници километри од Виз Ер Скопски маратон“, повикува Синадиновски.

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство