Утрински Весник
Македонија

Скопје останува без јавен превоз – Советот на Град Скопје не ги усвои субвенциите за ЈСП

јсп (2)
Dik 300x250 mk

На вонредната седница на Советот на Град Скопје денеска не беше обезбедено потребното мнозинство за исплата на субвенциите за Јавното сообраќајно претпријатие.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за предлогот на ЈСП да му се доделат 11 милиони евра субвенции од кои зависеше исплатата на платата за вработените во ЈСП.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ таквата одлука ја темелеа на фактот дека не може постојано Градот да дава субвенции за ЈСП.

На тоа се спротивстави градоначалничката Данела Арсовска обвинувајќи ги дека намерно создаваат кризи.

„Сè што кажавте денес сè излажавте, вие грам грижа немате за вработените кои смрзнуваат надвор. Намерно креирате криза за после, демек, ја решавате. За точкава не зборувате затоа што нема што да кажете и само лажете. Кога бевте опозиција гласавте за субвенции, сега не гласате. Мицко одма да си даде оставка оти цело време лаже“, кажа Арсовска.

Со ваквата одлука Скопје останува без јавен шревоз, возачите на ЈСП нема да возат се додека не им се исплати платата а на протестот се приклучија и приватните превозници бидејќи и тие немаат добиено пари од ноември.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово