Утрински Весник
Скопје

Скопје го зафати густа магла која го намалува видикот и ја отежнува видливоста на патиштата

774d2391 c370 4277 917d 0e6f6f5b1d1e.jpg

Скопје го зафати густа магла која го намалува видикот и ја отежнува видливоста на патиштата. Маглата се појави по 18:00 часот, со што резултираше со бавно одвивање на сообраќајот и поголема внимателност од страна на возачите.

Слични услови се очекуваат и во текот на ноќта, па учесниците во сообраќајот, особено велосипедистите и мотоциклистите, се советуваат да бидат особено внимателни.

Апел до возачите е да ја прилагодат брзината согласно условите на патиштата, да одржуваат поголемо растојание од останатите возила и да користат светла за магла. Граѓаните се предупредуваат и на можноста за влажни и лизгави коловози, како и на дополнителна претпазливост при движење низ помали улици и кривини.

Можете да прочитате

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, порачаа од Анима Мунди

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ стигнаа во Скопје