Утрински Весник
Македонија

Скопјанка злоупотребила лични податоци на друго лице и извршила измама при добивање кредит

Скопјанка злоупотребила лични податоци на друго лице и извршила измама при добивање кредит
Dik 300x250 mk

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И. И. (54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама при добивање кредит или друга погодност по член 249 и злоупотреба на лични податоци по член 149 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

На 4.11.2022 во финансиско друштвo во Скопје, пријавената поднела документи за добивање кредит и притоа употребила лична карта на друго лице и се потпишала на апликацијата за кредит во име на другото лице на кое гласела личната карта.

Притоа вработеното лице во финансиското друштво се посомневала во идентификацијата на пријавената и повикала полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, кои по преземените мерки и активности и документирање на настанот изготвиле кривична пријава.

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари