Утрински Весник
Скопје

Скопјани веќе нема да смеат да фрлаат ѓубре по 22:00 часот

Gjubre Kontejneri 11.jpg

Новоформираниот Совет на Град Скопје денеска на седницата донесе одлука со која во периодот од 22 часот навечер па до следното утро до 06.00 часот е забрането да се фрла ѓубре во контејнерите.

Оној што ќе биде фатен од комуналните редари и инспекторите, ќе биде казнет со казна од 50 евра.


Од Градот објаснуваат дека оваа мерка им дава правен основ на инспекторите и комуналните редари да санкционираат физички и правни лица што нема да го почитуваат дозволениот термин за одлагање отпад.

Претседателот на советот, Даме Димитровски, ја поздрави мерката, посочувајќи дека слични практики функционираат и во други метрополи.

„Во Истанбул имаше само 15 минути дозволено време за фрлање ѓубре рано наутро. Во Токио секој вид отпад има точно утврден термин за собирање. Верувам дека кога ќе воведеме и корпи за селекција, системот ќе биде уште поефикасен“, изјави Димитровски.

Но, мерката наиде и на силна критика. Советничката на Левица, Катерина Јовановска, ја оцени како скандалозна.

„Не може вината за нефункционалноста на комуналното претпријатие да се префрла врз граѓаните. Ограничувањето кога смеат да фрлаат ѓубре, па уште и со казни, е невиден скандал“, рече Јовановска.

Можете да прочитате

Распишана е јавна набавка за изградба на нов кружен тек во Ѓорче Петров, најави Ѓорѓиевски

Советот го изгласа ребалансот на буџетот: Скопје добива нови булевари, паркови и повисоки капитални инвестиции

Герасимовски: Вкупно 138 стипендии доделени во науката, спортот, културата и социјалната поддршка