Утрински Весник
Македонија

Скопјани, тетовци и кумановци први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

Kameri.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во Град Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и долж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде импленетиран проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на наредната година да биде покриена целата територија на државава.

Ова денеска го соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Охрид на средбата со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар.


Информираше дека измените во законот за безбедност во сообраќајот и патиштата во кои се имплементирани одредбите за „Безбеден град“ вчера во Собранието го поминаа првото читање пред матичната комисија. Тошкоски порача дека со овој закон не се предвидува казнување на граѓаните со цел да се полни буџетот туку дека целта е да се спасат човечки животи.

-Целта на овој систем не е да бидат казнувани македонските граѓаните, целта на овој систем не е да се полни буџетот на Република Македонија, целта на овој систем е да се спаси барем еден човечки живот. Бројките се страшни. Во 2024 година имаме 142 жртви како последица на не почитување на сообраќајни правила и сообраќајни незгоди кои се случиле. Сигурен сум дека бројките ќе се намалуваат со ставање на системот во функција, нагласи Тошковски.

Министерот порача дека контролите ќе продолжат и дека ќе ги заострат казните особено во рамките на Кривичниот законик, па освен парична казна ќе се изрекува и казна затвор и трајно одземање на возилата со кои се сторени кривичните дела.

Можете да прочитате

М-НАВ ангажира адвокати по 12.000 денари на час или 9.600 евра само за 48 часа

Таравари: Албанската опозиција доби над 25% повеќе гласови од ВЛЕН

Уапсени двајца полициски службеници осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица, поднесена кривична пријава